Одбележувањето на 100-ти роденден е огромно доживување за секого. Но, кога Мигел, познат и како „Лисабонскиот пациент“, прослави стогодишнина оваа пролет, исто така е пресвртница за глобалната ХИВ позитивна заедница. Тоа е затоа што тој е најстарата документирана личност која живее со ХИВ во светот.
Имајќи ја предвид упорната стигма на ХИВ, Мигел и неговото семејство побарале од медиумите да не го прикажуваат неговото лице, ниту да го откријат неговиот идентитет. Одржувајќи ја таа доверливост, истражувачите кои се занимавале со случајот на Мигел (псевдоним) го нарекоа „Лисабонскиот пациент“ кога го споменуваат во нивните студии на случаи и извештаи.
“Се чувствувам среќно! Ги поминав овие години без тешкотии и без проблеми“, изјавил стариот говорник за ЦТВ Њуз на Канада, зборувајќи преку преведувач во една болница во Португалија“. На Мигел му била дијагностицирана ХИВ фаза 3 (СИДА) во 2004 година кога пристигнал во болница во близина на Лисабон со ретки форми на колитис и лимфом и мала количина на ЦД4. Тој тогаш бил на 84 годинишна возраст и немал идеја дека е ХИВ-позитивен или како и кога се заразил со вирусот.
Откако дознал за болеста, Мигел му рекол на својот лекар дека сака да се бори. Д-р Хенрике Сантос, докторот на Мигел изјавил за ЦТВ Њуз: „Кога овој пациент дојде кај мене на оваа возраст, јас се сомневав дека треба да се лекува.“ Но, Сантос и покрај се го започнал агресивниот тек на хемотерапија.
„Сè мина добро, но можеше да тргне наопаку“, рекол тој. „Можеше да има знаци на токсичност. Тој не можеше да го издржи третманот. Можеше да биде промашен третманот. Ние моравме да ги земеме предвид тие сценарија “.
Петнаесет години подоцна, јасно е дека Мигел и неговиот медицински тим донеле вистинска одлука. Инес Пинтасилго, специјалист, кој е дел од тимот за третман на Мигел изминативе три години, рекол дека неговото здравје и долговечноста може да се припишат на фактот дека тој живеел здрав и активен живот.
„Мислам дека тој нè учи дека можете да живеете со ХИВ сè додека имате контрола над својот живот и додека водите здрав начин на живот“, – Пинтасилго
„Јас би рекол, секако, ХИВ можеби има мала улога во ова, но ако тој е добро контролиран, нема да биде толку голем проблем“. – Пинтасилго
Специјалистот за ХИВ, Џовани Гуаралди, кој работи на Универзитетот во Модена во Италија, рекол: „Верувам дека Лисабонскиот пациент е знак за надеж за луѓето кои живеат со ХИВ да речат дека сè уште имаат можност не само да живеат подолго, туку да живеат здраво, да доживеат здраво стареење… Тој е доказ за принципот за нас истражувачите и докторите да речат дека можеме да им пружиме подобра грижа на луѓето “.