17-ти октомври ( Сабота ), 2020 година од 10 до 18 ч кај Тинекс – Зебра ве очекува тимот на ХОПС.
Сите сити повторно ја организира националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна. Нахрани 10.000 е национална акција за донирање на храна на одбрани локации поточно пред Маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат храна од граѓаните кои сакаат да донираат и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани поточно правење хуманитарни пакети од собраните донации. Целта е собирање на 10 тони храна која ќе заврши во рацете на 10.000 граѓани.
Настанот ќе се одржи на 17-ти октомври ( Сабота ), 2020 година од 10 до 18 ч. Низ повеќе градови низ нашата држава.
Ве очекуваме!
#ХранаНеСеФрла
#СитеСити