Сите сити по четврти пат ја организира националната хуманитарна акција „Нахрани 10.000“ за собирање храна. „Нахрани 10.000“ е национална акција за донирање храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани.
Оваа октомвриска акција ќе се одржи на 26-ти октомври, сабота, со почеток во 10 часот и ќе трае се до 18 часот, во Скопје, Битола, Велес, Кочани, Штип. Кај Тинекс – Зебра ве чекаат Кате, Лиде, Ели, Марга, Родне, Верџинија, Ивана И., Силвана и Ивана! Да бидеме хумани!
Ве очекуваме!
#ХранаНеСеФрла
#СитеСити