Националната платформа достапна за учениците и родителите

0

Веб страницата на Единствената национална платформа за онлајн учење од викендов веќе е достапна за корисниците преку адресата www.schools.mk, со цел со неа да можат да се запопзнаат учениците и родителите, пред стартот на новата учебна година. На платформата веќе се поставени видео упатства и прирачници, но и други содржини, кои ги водат корисниците низ платформата.

Во овој значаен процес важна е силна и партнерска соработка на сите нивоа и секој ден ни е важен за успешно започнување на онлајн наставата. Министерството за образование и наука веќе испрати насоки до сите училишта задолжително да се достават корисничките лозинки до учениците. Ги повикуваме директорите на училиштата коишто не го сториле тоа, да го забрзаат процесот и да ги испратат лозинките до учениците во текот на викендот, бидејќи за неколку дена е официјалниот страт на учебната година. – апелира Министертвото за образование и наука.

Министерството за образование и наука ги повикува локалните самоуправи и градоначалниците, кои, исто така, се наш важен партнер во овој процес, максимално да се посветат на обезбедување услови за непречен старт на учебната година во училиштата, без разлика дали станува збор за физичко присуство, или за учење од далечина.

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.