На 7 мај ние ХОПС- Опци за здрав живот Скопје, станавме дел од добитници на ад-хок грант на Цивика мобилитас (ПЦМ-АДХ-02) за справување со пандемијата Ковид-19.
Пандемијата настаната од COVID – 19 дополнително ја влоши социо-економската состојба на корисници на нашите услуги. Проблемите со кои се соочуваат овие луѓе се пред се егзистенциенални, односно обезбедување храна за нив и нивните семејства и хигиенски средства за превенција од Ковид 19.
Грантот ќе ни помогне да ги минимизираме последиците предизвикани од Ковид-19 преку овозможување на основни прехрамбени и хигиенски средства за луѓето кои употребуваат дроги, сексуалните работници, децата кои употребуваат дроги како едни од најпогодените заедници од пандемијата.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија да бидат поттикнати од силен граѓански сектор, активни граѓани и добра соработка со властите, што резултира со потранспарентно, поотчетно и социјално-инклузивно управување како на централно, така и на локално ниво.
Ви благодариме! #цивикамобилитас