На 20 септември 2014 година во Скопје се оддржа семинар „Употреба на канабисот во медицината“.
Во своите излагања и последователната дискусија, предавачите Рик Симпсон (Rick Simpson), д-р Лумир Онджеј Хануш (Dr. Lumír Ondřej Hanuš), д-р Пол Хорнби (Dr. Paul Hornby) и д-р Роберт Џ. Меламед (Dr. Robert J. Melamede) зборуваа за лековитите својства и употребната вредност на канабисот, со што ги предизвикаа постоечките политики кои оваа билка ја третираат како нелегална дрога и ја оневозможуваат достапноста до луѓето со здравствени проблеми. Публиката изрази благодарност за гостувањето на предавачите, а во дискусијата беа споделувани лични искуства и се бараа повеќе информации за практична примена на канабисот при лекување на тешки хронични болести. Семинарот го организираше здружението „Зелена Алтернатива“ од Скопје, во соработка со „ОНЕЈ – Друштво за Прекумурска иницијатива“.