На 17 декември 2007 година, ХОПС заедно со луѓе од заедницата и неколкумина поддржувачи од сродни организации, за првпат иницираше и организираше улична акција, каде го промовираше црвениот чадор како симбол за борба на правата на сексуалните работници.
Со оваа акција го промовираше овој облик на одбележување на денот „17-ти Декември Меѓународен ден за запирање на насилството врз сексуалните работници“, ден кога илјадници сексуални работници и нивни поддржувачи маршираат по улиците и преку свои активности, пренесуваат порака на јавноста со цел да се спречи насилството кое што секојдневно се врши врз сексуалните работници.
Оваа акција потоа премина во традиција, сега веќе организирана од STAR – The first Sex Workers collective in the Balkans како „Марш на црвените чадори“.

Овие фотографии беа искористени за допис до медиумите и промоција на проблемите со насилство врз сексуалните работници во Скопје.