МТСП го олеснува пристапот во системот за социјална заштита, односно остварување на правото на гарантирана минимална помош, со измени на Уредбата за примена на Законот за социјална заштита во време на вонредна состојба
Со првата измена се продолжува времетраењето на олеснетиот услов за утврдување на материјалната необезбеденост, наместо само за месец април и мај утврдување на материјалната небезбедност на домаќинствата само врз основа на приходите од последниот месец, се продолжува до декември.
Потоа се проширува опфатот на ранливите групи граѓани кои можат да добијат финансиска подршка, право на гарантирана минимална помош може да оствари и она домаќинство каде има лице кое е избришано од евиденцијатана невработени лица заради нередовно пријавување или на кое работниот однос му престанал спогодбено, по барање или со отказ.
Третата важна измена е тоа што поседување на возило постаро од 5 години и земјиште со површина од 500м2, освен земјиштето на кое се наоѓа објектот каде корисникот живее, нема да се сметаат како имот.
За забрзување на постапката на решавање на барањата за добивање на гарантитана минимална помош, центрите за социјална работа ќе одлучуваат само врз основа на доставената документација од подносителот и обезбедената документација по службена должност, а увидот во домот ќе се врши во рок од два месеци по престанокот на траење на вонредна состојба.
Исто така мерката за подршка на постоечките корисници на системот за социјална заштита, со која околу 30.000 домаќинства добиваат по 1.000 денари енергетски додаток, се продолжува до септември.