Во Македонија, како и во целиот свет, сексуалните работници се туркаат на маргините на општеството со комбинација на предрасуди, дискриминација и насилство. Сепак, фактот што едно лице продава сексуални услуги не може да се користи како оправдување за одбивањето на нивните основни права, кои припаѓаат на сите човечки суштества.
https://vimeo.com/207838742
„Треба да знаеш за мене“ се серија на видеа кои говорат за животните искуствата на сексуалните работници. Говорат за малтретирањата и насилствата од страна на клиентите, макроата и полицијата, сексуалните работници се трудат да се спротивстават на непријателските ставови на јавноста со тоа што ќе зборуваат и ќе се борат за своите права. Видеото повикува на нулта толеранција на насилството врз сексуалните работници и координиран одговор на институциите на реалните потреби на сексуалните работници.
Иако видеото е снимено во 2009, сметаме дека ситуацијата е сѐ уште иста и дека борбата за правата на сексуалните работници продолжува.
© 2009 Healthy Options Project Skopje HOPS & WITNESS