Според последните истражувања на EMCDDA, моментално има вкупно 78 официјални соби за безбедно инјектирање на дроги кои се наоѓаат во седум земји.
Собите за безбедно инјектирање на дроги се контролирани објекти за консумирање дрога, каде што незаконската дрога може да се користи под надзор на обучен персонал. Овие соби првенствено имаат за цел да ги намалат акутните ризици од пренесување на болести преку нехигиенско инјектирање, како и спречување на смртните случаи од предозирање со дрога, а воедно и поврзување на високоризичните корисници на дрога со инстутуции за третман на зависност и други здравствени и социјални услуги. Во исто време една од целите е да се намали употребата на дрога во јавноста и да се подобри јавното здравје во областите околу урбаните пазари на дрога.
Првата соба за безбедно консумирање дрога е отворена во Берн, Швајцарија во 1986 година. Потоа во следните години се отворени во Германија, Холандија, Шпанија, Норвешка, Луксембург, Данска, Грција и Франција.