Моја дунда, моја фирма- МДМФ е слоган кој е јасен сам по себе: моето тело моја работа. Мојата … дунда – моја фирма.
Кои Сме Ние? /Чии гласови?
Во Велес како дел од проектот кој се одвиваше во првото полугодие на 2020 „Пристап до правда за најмаргинализираните“ се одвиваше работилница за продукција и конципирање на подкаст: аудио дигитален запис, сличен на радио емисии но и по многу нешта различен – сексуалните работнички преку тој медиум се учеа да разговараат на начин кој е перформативен а се́́́ за цел да се истакнат условите во кои што работат, и во процесот да работат на минимазирање или идеално целосно дестигматизирање на сексуалните работнички и нивната работа.
Од овие вежби со добивање на моментум, произлезе и првата епизода на подкаст кој настапи со работното име “На доручек со Miss Strawberry (МДМФ),” подкастот е интервју помеѓу Miss Strawberry (МДМФ) и нашите правнички Марга и Милка, кои ќе ви дадат совети за тоа како да се заштитите од родово базирано насилство, каде да пријавите, како ХОПС може да ви помогне додколку сте сексуална работничка изложена на насилство и каква правна помош може да побарате од нас.
Откако ја заклучивме пилот епизодата јасно стана, дека „фирмата„ мора да продолжи да работи, со исклучително мотивиран тим, без што (мотивација и ентузијазам) ништо вредно за спомнување не е возможно.
Манифестот можете да го прочитате ТУКА.