Youth RISE и Women and Harm Reduction International Network, објавија писмен извештај и препораки изработени од работна група од 10 жени, добиени од членството на YouthRISE и WHRIN, со седиште во 10 различни земји низ Америка, Африка, Европа, Азија и Океанија. Овој труд ги поставува основните прашања и препораки кои се однесуваат посебно на младите жени кои користат дрога. Младите жени и девојки кои се погодени од казнената политика за дрога се соочуваат со уникатни ризици, бариери и прекршувања на правата поврзани со возраста, како и полот, кои не се добро препознаени од креаторите на политиките или давателите на услуги. Овие вкрстени нееднаквости се особено очигледни кога се соочуваат со општествените очекувања при пристап до услуги за намалување на штети и здравствени услуги, вклучително и услуги за сексуално и репродуктивно здравје.
На глобално ниво, доказите покажуваат дека главната бариера за пристапот на младите жени до здравје, вклучувајќи услуги за намалување на штети, услуги за здравствена заштита за сексуална и репродуктивна здравствена заштита и тестирање и грижа за ХИВ, е поврзана со ограничувања на возраста и информирана согласност во обезбедувањето услуги. Додека возрасните ограничувања влијаат врз сите млади луѓе кои користат дрога, жените се особено погодени од секој ограничен пристап до услугите за сексуално и репродуктивно здравје (СРЗ).
За да го прочитате трудот, одете на овој линк >>>.