Дали работите во младинска организација и во својата работа доаѓате во допир со млади кои посетуваат клубови, журки и фестивали, каде можеби и користат психоактивни супстанци или се впуштаат во друго ризично однесување?
Дали ве интересираат начините на кои можете да им пружите помош и поддршка која им е потребна?
Дали сакате да се вклучите во процесот на креирање јавни политики кои се однесуваат на млади со цел да им помогнете да се подобри нивната безбедност и одговор на нивните потреби?
Затоа, тука е новиот проект кој ХОПС во партнерство со “Удруга Тера (Ријека)” и ”Регенерација (Србија)” го спроведуваат со финансиска поддршка од ЕУ низ Еразмус+ програмата.
Голем број на млади лица учествуваат во ноќен живот, посетувајќи бројни клубови, журки и музички фестивали, каде се секојдневно изложени на различни дополнителни и/или зголемени здравствени, социјални и правни ризици во однос на нивните врсници кои не посетуваат вакви настани. Постојат мал број на организации кои нудат потребна помош и поддршка на оваа група на млади луѓе на нашиот простор и истите имаат ограничени ресурси и ограничувачки правно-политички делокруг во кои функционираат, а поголем број од нив немаат специјализирани програми наменети за овие млади луѓе.
Токму затоа, целта на овој проект е зголемување на капацитетите и компетенциите на регионалните младински организации кои работат со млади луѓе кои учествуваат во ноќен живот и/или користат психоактивни супстанци, односно млади во ризик и маргинализирани или ранливи групи на млади, за учество во младински политики и застапување на реформи во јавните политики. Во ова ќе ни помогне првенствено размената на искуства и меѓусебно зголемување на капацитетите на организациите кои се занимаваат или кои обработуваат слични теми на регионално ниво, поради што овој проект го спроведуваме во партнерство со “Удруга Тера” и “Регенерација”!
Целите на проектот ќе ги постигнеме преку имплементација на следните активности:
- Истражување кое ќе се спроведува од страна на партнерските организации на проектот, во рамки на кое, освен прегледи на достапни податоци, ќе бидат собирани квантитативни и квалитативни податоци преку истражување за млади и фокус групи со носители на одлуки и претставници на организации кои работат со млади кои учествуваат во ноќниот живот. Со помош на ова истражување ќе се стекнеме со потполна и појасна слика за односот помеѓу потребите на младите кои учествуваат во ноќниот живот и предизвиците со кои тие се соочуваат, работата и програмите на младинските организации и за младите со кои организациите доаѓаат во контакт, како и јавните политики кои ја засегаат оваа група на млади лица и/или работата на младинските организации.
- Тренинг посветен на концептот на безбедност во ноќниот живот за партнерските организации на проектот, на кој ќе биде обработени основните поими и практики кога станува збор за работа со млади кои учествуваат во ноќниот живот;
- Тренинг посветен на размена на искуства и учество во процесот за донесување на одлуки на партнерските организации на проектот, на кој ќе биде претставен правно-политичкиот делокруг во кој функционираат организациите кои работат со млади што учествуваат во ноќниот живот, механизмите за креирање на јавни политики и просторот за учество на организации на граѓански друштва во тој процес, но и принципи на застапување за безбедноста на маргинализираните групи;
- Изработка на прирачник за учество во младински политики наменет за организации кои работат со млади што учествуваат во ноќниот живот и/или користат психоактивни супстанци, односно млади во ризик и маргинализирани групи на млади лица, а во кој ќе бидат сумирани резултатите добиени од сите предходни активности на проектот;
- Спроведување на кампања преку која на целните групи, но и на пошироката јавност, поблиску ќе им претстават значењето на проектот, неговите цели, активности и постигнати резултати, а истовремено ќе им биде дадена можност да се вклучат и дадат свои придонес преку различни облици на учество во проектните активности.
Сите информации во однос на проектот ќе бидат објавувани на нашата веб страна и социјалните мрежи ( ФБ, Инстаграм, Твитер) и со тоа ќе ви овозможиме активно да ги следите сите новости за проектот.
Проектот е финансиран со средства на Европската Унија. Изнесените ставови и мислења се ставови и мислења на авторот и не мора да се усогласени со ставовите и мислењата на Европската Унија или Европската извршна агенција за образование и култура ( EACEA). Ниту Европската Унија ниту EACEA не можат да се сметаат за одговорни за ставовите и мислењата на авторот.