На овој линк можете да го видите ПДФ документот, за кусиот осврт на глобалните политики за млади сексуални работници. Освртот го сумира истражувањето на младите луѓе кои продаваат секс, вклучувајќи ги и младите луѓе кои продаваат секс на возраст под 18 години и млади сексуални работници на возраст од 18 и 29 години.
Освртот дава преглед на правните рамки кои влијаат на луѓето под 18 години кои продаваат секс. Воедно покажува како системската дискриминација, стигма и криминализација ги прави поранливи младите луѓе кои продаваат секс кон ХИВ.
Прирачникот ќе биде достапен наскоро и содржински вклучува:
- Дефинирање на млади луѓе кои продаваат секс.
- Следење на меѓународната правна рамка за лица под 18 години кои продаваат секс.
- Двојна и тројна виктимизација на млади луѓе кои продаваат секс.
- Добри намери и лоши практики.
- Заклучок и препораки.
Овој извештај е корисен, бидејќи има многу малку литература која ги доловува искуствата на младите луѓе кои продаваат секс. Овој осврт дава клучни препораки за давателите на услуги и креаторите на политиките.