Политиките за дроги, особено во казнено – правната сфера, може да имаат значително влијание врз животот на младите.
Соговорниците во овој поткаст ќе се обидат на публиката да и ја доближат законската рамка поврзана со употребата на дроги во Македонија, начинот на кој таа се спроведува и какви ефекти има врз младите. Ќе разговараат и за добри практики од други европски земји каде политиките за дроги се базирани на здравствена и социјална поддршка, наместо на прогон.
Гледајте го поткастот ВО ЖИВО и вклучете се во дискусијата со прашања и коментари на Фејсбук страната на ХОПС.
Со вас ќе бидат:
-Ивана Драгшиќ, социолог, радио водител и активист
-Наташа Бошкова, адвокат и застапник за човекови права
*Проектот „Социјално зајакнување на млади во ризик“ е финансиран од Европската Унија. Изнесените информации и ставови не нужно ги отсликуваат официјалните ставови на Европската Унија.