Вторник | 22 септември | 19 часот, ве повикуваме да ни се придружите на фејсбук страната на ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, каде ќе имаме онлајн разговор на темата “Млади, дроги и музика”.
Младите луѓе и во време на пандемија наоѓаат свои начини да ги задоволат своите потреби за дружење, музика и дроги. Тие доаѓаат до својата цел и покрај забраните за ограничувања и групни собири. Младешкиот дух, воден од љубопитност и истражување, секогаш е подготвен за нови предизвици и експериментирања. Едукацијата и информирање млади луѓе за дроги, води до намалување на штети од употреба, но го поттикнува и младинскиот активизам што води до демистификација на употребата на дроги како социо- субкултурен феномен.
На оваа тема ќе говорат Davor Smilanov – доктор по медицина, едукатор и автор. Долго годишен соработник на ХОПС, кој директно бил вклучен во програмата за намалување на штети и ЏАКА НАКОТ, филозоф и рапер од Скопје, кој работи во изградбата на хип-хоп сцената во Македонија од 1991-ва година. Разговорот ќе го модерира Bog Dan Kolev.
Онлајн разговорот е дел од проектот “Креативна акција за општествени промени – Граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик” поддржан од Civica Mobilitas.