Од 1 до 7 февруари низ целиот свет се слави моќта на уличниот печат да го менува животот на најранливите категории сограѓани.
Со овој глобален настан се одбележува значењето на работата на над 11 000 продавачи на улични весници. Секој од тие мажи и жени, низ 35 земји во светот, го користи локалното улично списание како начин за работа и излез од кругот на сиромаштијата.
Начинот, пак, на одбележување и изразување почит кон нивната напорна работа е различен во сите земји. „Лице в лице“ нѐ повикува да се придружиме на милионите поддржувачи ширум светот што ја слават моќта на уличниот печат да ги менува животите на маргинализираните!
Кругот на претставување на дел од активните продавачи на „Лице в лице“ го започнуваат со вредниот продавач, Мирослав Давидовски.
Тој е поранешен балетан и е вистински шоумен. Кај него работата врзана за „Лице в лице“ е задоволство кога се комбинира со дружба.Задолжително, ред кафе – ред работа. Полн е со совети за помладите колеги, и секогаш настојува да споделува убави вести. Внимателен е, а шеги прави најчесто на своја сметка. Има густа животна приказна, а главно оружје против суровите моменти му е ведрината. На сајтот на „Лице в лице“, имате можност да ја прочитате и целата приказна за Миро. Линк.
#Лицевлице со промените!
#VendorWeek