Дали ХИВ може да се најде во прехранбените продукти во маркетите? Дали може да се пренесе преку допир, прегратка или бакнеж? Дали „HAARP“ системот има влијание врз епидемијата на ХИВ во светот?
Во рамките на есенската кампања на Европската недела за тестирање, која годинава се одржува од 22 до 29 ноември, „ХЕРА“ и „Заедно посилни“ не покануваат на неформална дружба која ќе опфати разговори, проверка на митовите и фактите за ХИВ и проекција на неколку кратки видеа со лични приказни за животот со ХИВ. Исто така, ќе имате можност да се информирате за сервисите на двете организации и да ги запознаете луѓето вклучени во нивното давање.
Модератори на настанот се Марко и Цеце, на сите нас познати од малите екрани како водители на емисијата „90 минути“ на ТВ Телма.
Приклучете се во ширењето позитивни вибрации и знаење. Се гледаме во петок, на 22 ноември, од 19 часот во „Котур“!