Воведен збор
Микродозирањето станува многу актуелна тема, особено во научните кругови, во врска со неговите медицински придобивки главно врз менталното здравје и подобрената когниција. За овој број пристигнаа многу текстови кои содржат основни информации за тоа што подразбира микродозирањето од аспект на науката и во врска со евентуалните здравствени придобивки. Истражувањата на оваа тема на глобално ниво се соочуваат со законски потешкотии поради тоа што се работи за нелегални супстанции и тоа го оневозможува реализирањето на сеопфатни и контролирани истражувања, односно добивањето на релевантен научен став за микродозирањето. И покрај овие ограничувања, интересот на науката, но и на јавноста за микродозирањето е голем поради пријавените позитивни ефекти од страна на практикантите, особено кога станува збор за менталното здравје.