Осумнаесетто издание на Дроги – Политики и практики тема: “Микродозирање”
Објавен е осумнаесеттиот број на списанието Дроги – Политики и практики со наслов „Микродозирање“.
Микродозирањето станува многу актуелна тема, особено во научните кругови, во врска со неговите медицински придобивки главно врз менталното здравје и подобрената когниција. За овој број пристигнаа многу текстови кои содржат основни информации за тоа што подразбира микродозирањето од аспект на науката и во врска со евентуалните здравствени придобивки. Истражувањата на оваа тема на глобално ниво се соочуваат со законски потешкотии поради тоа што се работи за нелегални супстанции и тоа го оневозможува реализирањето на сеопфатни и контролирани истражувања, односно добивањето на релевантен научен став за микродозирањето. И покрај овие ограничувања, интересот на науката, но и на јавноста за микродозирањето е голем поради пријавените позитивни ефекти од страна на практикантите, особено кога станува збор за менталното здравје.
Содржина
Микродозирањето станува многу актуелна тема, особено во научните кругови, во врска со неговите медицински придобивки главно врз менталното здравје и подобрената когниција. За овој број пристигнаа многу текстови кои содржат основни информации за тоа што подразбира микродозирањето од аспект на науката и во врска со евентуалните здравствени придобивки. Истражувањата на оваа тема на глобално ниво се соочуваат со законски потешкотии поради тоа што се работи за нелегални супстанции и тоа го оневозможува реализирањето на сеопфатни и контролирани истражувања, односно добивањето на релевантен научен став за микродозирањето. И покрај овие ограничувања, интересот на науката, но и на јавноста за микродозирањето е голем поради пријавените позитивни ефекти од страна на практикантите, особено кога станува збор за менталното здравје.
Од уредништвото
Микродозирање со Galatheia, Интервју со Теа Шалдева
За Теа Шалдева не треба посебен вовед. Верувам дека сите ја знаете девојката од Скопје маало, која веќе 15 години неуморно тераписки ја лекува својата околината со микродози на музика што значат живот. „Она бугејша“ (Onna-bugeisha) која, како што вели самата, микродозира со тотална посветеност и внимателно го бира секое камче на музичкиот мозаик со кој нѐ почестува еднаш месечно во својата емисија на АМОК Радио.
Разговорот го водеше Елеонора Стојановиќ
Како земањето многу мали дози од психоделична супстанција како ЛЦД или псилоцибин (присутни во печурките) со недели и месеци, не толку редовно, влијае на животното искуство на луѓето што ја почнале оваа практика? Микродозирањето е познато во канцелариите на Силиконската долина, меѓу високопрофилирани професионалци во разни индустрии, но не може да се ограничи само на оваа категорија луѓе.
Резултати и предизвици кај најновите истражувања на ефектите од микродозирањето со психоделици
Микродозирањето со психоделици е во значаен пораст во последниве години. Истражувањата кои го испитуваат позитивниот ефект на некои психоделици во справувањето или третманот на разни проблеми со менталното здравје и промената во перцепцијата на психоделиците доведе до поголем фокус на потенцијалните позитивни ефекти на овие супстанции.
Микродоза − макроудар. Денес сѐ повеќе сме изложени на штетните ефекти на околината во која живееме, но за какви штетни ефекти зборуваме? Загадување на водата, на средината или употреба на супстанции кои понатаму резултираат со оштетување на една личност? Овој пристап има еден ефект кога се користи во медицината, но друг кога не е така. Која е разликата?
Влијанието на микродозирањето врз поединецот
Најчесто луѓето кои се одлучуваат за микродозирањето сметаат дека тоа би ја зголемило нивната креативност, би ја подобрило нивната ментална стимулација исто како кога би земале поголема доза, би ги ублажиле проблемите со менталното здравје како што се депресијата и анксиозноста, би ја зголемиле концентрацијата, продуктивноста и низа други позитивни аспекти за стимулација на нивното ментално здравје.
Феноменот познат како микродозирање најпрво започна да се користи од страна на фармацевтските компании во седумдесеттите години од минатиот век како дел од развојот на лекови надвор од клиничките испитувања за подоцна да стане техника за луѓето кои сакаат да ги искористат терапевтските придобивки од психоделиците.
Микродозирање – здравствени и општествени предизвици
Микродозирање, дозирање, предозираност, доза… Многу поими кои на прв поглед ни изгледаат слично, а се толку различни и некогаш не успеваме да ги разграничиме. Но, овој пат акцентот го ставаме на микродозирањето кое е многу актуелно во последно време, а никогаш точно не сме го сфатиле неговото значење, па така со овој труд ќе се обидеме да ја доловиме вистинската слика за микродозирањето.
Парите им стигнуваат за по некој лист марихуана или хероински отпушок. Мразат жени, на нив гледаат како на некакви соединенија од карбон; синтетски интернет-пупки; тарантули од каучук… Мислат дека времето им е пројдено, гледаат како да здиплат карта за автобус или да избушат нечија гума, немаат доверба во никого, најмалку во себе, но сепак се традиционалисти во размислувањето, веруваат дека некој ги „продал“; нивниот живот бил осакатен од некој политички шут, ексцентричен денди или некој морнар од „Жолтата подморница“.
Кратење на буџетот за превенција од ХИВ
Ранец и челична волја – тоа „остана“ од Дневниот центар за намалување на штети од употреба на дроги во Шуто Оризари. На тимот од организацијата „ХОПС“, кој 15 години работи во оваа општина, веќе три недели канцеларијата им е под ведро небо. На седми април, токму на Светскиот ден на здравјето, се затвори единственото место каде што луѓето кои употребуваат дроги, а и нивните семејства имаа отворена врата за сите услуги со кои се обезбедува превенција од ХИВ, како и намалување на штети од употреба на дроги. Освен за нега и третман за превенција од ХИВ, сега веќе празните простории на дневниот центар биле спас и во пандемијата. Центарот бил место каде што овие луѓе можеле да добијат храна, да се избањаат, да добијат чисти алишта. Сега трпеливо чекаат секој вторник, четврток и петок социјалниот и теренскиот работник да ги посетат и да им донесат медицинска опрема.