Меѓународен комитет за права на сексуалните работници во Европа ( ICRSE ) ги поддржува напорите на владите за превземените мерки против корона вирусот. Сепак, мерките за јавно здравје кои не ги опфаќаат нај маргинализираните групи го ставаат во опасност целокупниот успех во борбата со корона вирусот. Во превземените мерки, владите треба да се да погрижат да бидат вкчлучени и луѓето кои се дел од сивата економија.
Минимални мерки кои владите мора итно да ги обезбедат :

📍 Итна, соодветна и лесно достапна финансиска поддршка за сексуалните работници во криза.
📍 Да нема иселувања и да се обезбеди преноќишта за бездомните сексуални работници.
📍 Пристап до здравствена заштита за сите сексуални работници, без оглед на нивниот имиграциски статус
📍 Здавствените служби да не ги пријавуваат сексуалните работници без регулиран престој во имиграционите служби.

