17-то издание на интернационалната конференцијата „е-Општество.мк“ ќе се одржи од 30-ти ноември до 3-ти декември, 2021 година. Овогодинешното издание ќе биде на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.
На конференцијата ќе се разговара за состојбите на демократијата денес, како и за тоа како технологијата ја обликува дефиницијата за добро владеење и граѓанскиот ангажман во денешни услови. Тема на дискусија ќе бидат и предизвиците на дигиталната ера со посебен фокус на дезинформациите и безбедноста на интернет. Активисти, експерти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко ќе ги споделат своите ставови и размислувања на тема „Демократијата во дигиталната ера: предизвици и можности“.
Со цел промовирање на вредноста на податоците во дигиталната ера, во рамки на конференцијата е-Oпштество.mk ќе се одржи и Хакатон за отворени податоци. Основната цел на хакатонот е доближување на отворените податоци до сите граѓани и нивно прикажување на едноставен и иновативен начин.
Агендата за настанот може да ја погледнете на следниов линк: https://bit.ly/3qt3wH7
Сите заинтересирани може да се регистрираат на следниов линк: https://bit.ly/3CaYIIH
Ве охрабруваме да ја споделите информацијата со Вашите партнери и соработници доколку сметате дека темата ќе предизвика интерес кај нив.
____________________________________________