Амстердам ќе биде домаќин на 22-тата Меѓународна конференција за ХИВ/СИДА (AIDS 2018) од 23 јули, 2018 година. Конференцијата е организирана од страна на Меѓународното здружение за ХИВ/СИДА (IAS) во партнерство со повеќе меѓународни тела и локални партнери.
Во 2018 година, Меѓународна конференција за ХИВ/СИДА се враќа во Амстердам, град кој е широко пофален за своите рани, решителни и одржливи активности за справување со епидемијата на ХИВ/СИДА. На AIDS 2018 се очекува да се соберат близу 18.000 делегати од речиси 200 земји, вклучувајќи и 1.000 новинари. Биеналната меѓународна конференција за СИДА е премиерен собир за оние кои работат на полето на ХИВ, како и креаторите на политиките, луѓето што живеат со ХИВ и други активисти кои се посветени на прекин на епидемијата.
Отвореноста, посветеноста и прагматизмот се камен темелник на холандската политика за ХИВ/СИДА. AIDS 2018 ќе го покаже ова со најсовремена наука и силен фокус на човековите права. Последната конференцијата за СИДА беше во 2010 година. AIDS 2018, исто така ќе биде важна можност за мерење на напредокот од тогаш, особено во Источна Европа каде што одлучувачкото лидерство и ангажирање е од клучно значење за ефективен одговор на епидемијата.
На конференцијата Глобалното село и младинската програма се клучните карактеристики на конференцијата со која се зајакнува учеството на засегнатите заедници и млади луѓе. Глобалното село е разновиден и живописен простор во кој заедниците од целиот свет се собираат за да се сретнат, да споделат и да учат едни од други. Се вкрстува со главната конференциска програма, спојувајќи научни сесии со културни активности, настапи во живо, зони за вмрежување, НВО кабини, уметнички изложби.
Доколку одите на #AIDS2018, погледнете ја мапата каде што ќе ги најдете сите пред-конференциски активности, работилници и клучни седници Мапата може да ја најдете ТУКА, додека повеќе информации за самата конференција ТУКА.