ХОПС и Коалиција Маргини, организираат Меѓународна конференција за модели за регулирање на дроги. Конференцијата ќе се одржи на 18ти и 19ти ноември 2020 година, онлајн – и ќе биде пренесувана во живо на Facebook страницата на Коалиција Маргини и ХОПС.
Kонференција има за цел да иницира дискусија за моделите за регулирање на дрогата како почетна точка за декриминализација на личната употреба на дрога во Северна Македонија. Конференцијата ќе ја претстави новата публикација: „Декриминализацијата на дрогите како основа за хумана и ефективна политика за дроги – Анализа на португалскиот и холандскиот модел на декриминализација“, како два модела од кои македонските носители на одлуки можат да научат и да започнат дискусии за можниот македонски модел за регулирање на дрогите.
Првиот ден се планира конференцијата да биде фокусирана на здравствените и социјалните придобивки од декриминализацијата, а вториот ден ќе се стави акцент на декриминализацијата на дрогите и улогата на кривично правниот систем.
Конференцијата се организира во партнерство со организацијата ХОПС – Опции за здрав живот Скопје а е дел од пректот на Коалицијата Маргини: „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“, поддржан од Фондација Отворено општество – Македонија.