Ве покануваме да бидете дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на сексуалните работници со промоција на книгата „Индукција на права“ кој ќе се случи во сколоп на донаторскиот настан „Кoја пудра најдобро покрива модрици“ во 19 часот во просториите на BackYard Lounge Bar& Kid Area.
Книгата е плод на синергија помеѓу мандалите за возрасни на уметницата Симона Манчева и интимата преточена во пораки, која ви ја испраќаат сексуалните работници.
Во склоп на настанот ќе можете да ги чуете активстките за правата на сексуалните работници, Лила и Моника, како и прекрасната Клер Мекфарлен која ќе ви ја пренесе нејзината лична приказна за претрпеното брутално сексуално насилство и борбата за правда.