3 март е Меѓународен ден на правата на сексуалните работници. Секоја година, активистите организираат протести, собири, уметнички претстави и предавања за да ја подигнат свеста за кршењето на човековите права со кои се соочуваат сексуалните работници.
Овој ден ги одбележува напорите за декриминализација на сексуалната работа, ставање крај на трговијата со луѓе, промовирање на здравјето и безбедноста. Сексуалната работа се практикува уште од античко време, а се уште сексуалните работници се соочуваат со безброј здравствени проблеми кои произлегуваат од постојаната стигма, маргинализацијата и недостатокот на безбедни работни услови.
Денот потекнува од 2001 година, кога повеќе од 25.000 сексуални работници се собрале во Индија на фестивал за сексуалните работници. Настанот бил организиран од Комитетот на Дурбар Махила Саманвеа, група со седиште во Калкута, која има над 50.000 членови на сексуални работници и членови на нивните заедници. Групите на сексуални работници и нивни поддржувачи ширум светот потоа го прославуваат 3 март како Меѓународен ден за права на сексуалните работници.
Оваа година во рамките на Центарот за дневен престој и поддршка на маргинализирани жени ќе се одржи работилница со група на сексуални работници за значењето на денот, покренување на активизмот и зајакнување на заедницата на сексуалните работници. Работилницата ќе ја води Лила Милиќ, активистка за правата на сексуалните работнички.