Автоматската машина наречена MySafe, е опремена со хидроморфон таблети кои се пуштени на претходно утврден распоред за високо ризични корисници на опиоиди. Корисникот мора да ја скенира дланката на машината за да се идентификува. Машината ја препознава секоја индивидуа со потврдување на образецот на вените во рака и потоа го дистрибуира нивниот рецепт.
Причината за овие автоматски машини е илјадници зегубени животи од Канада во опиоидна криза. Во Британска Колумбија, близу 5.000 луѓе починале од предозирање, откако провинцијата прогласи вонредна состојба за јавно здравје во 2016 година.
Дрогите иземашни со фенантил се одговорни за најмалку 80% од смртните случаи на предозирање во изминатите три години во Канада.
„Мислам дека единствениот етички одговор во оваа ситуација е барем да им дадам на луѓето алтернатива на безбедена фармацевтска дрога од која нема да се предозираат“, – основачот на MySafe и доктор за заразни болести Марк Тиндал.
Оние кои ќе имаат право на терапија од апарат се опиоидни корисници кои имаат историја на предозирање. Тие мора да бидат подложени на медицинска проценка пред да им биде препишано хидроморфон и да се согласат за редовно следење на состојбата од здравствен професионалец. За време на скринингот, корисникот мора да има фентанил откриен во урината за да биде квалификуван.
Машината снадбува апчиња за 48 корисници и има терапија за пет дена по корисник, кои можат да ја користат машината до четири пати на ден, но мора да почекаат неколку часа помеѓу секоја употреба.
Продажбата, производството и дистрибуцијата на дрогите во автоматските машини е регулирано со Федералниот закон за контролирани лекови и супстанции.
„Многу се надеваме дека ова може да се прошири за да се намалат смртните случаи и морбидитетот, да се натераат луѓето на лекување и на крајот да се придвижат луѓето кон закрепнување“, – Кендал.