Девојки, жени, мајки, сестри, баби, вработени, невработени, феминистки, активистки и сите оние кои сметаат дека женската борба за економска, политичка и социјална рамноправност е важна и сè уште трае, се повикуваат да маршираат, со почеток во 12 часот од Жена Парк преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, до плоштадот Филип Втори, за еднакви права, еднаква плата, достоинствен живот и должно почитување!
На 8 Март, со почит кон досегашните победи на жената за родовата еднаквост, ќе се маршира под слоганот „Дали е среќен 8 Март?“