Платформата за родова еднаквост и активистките за женски права нѐ канат на вториот„Марш за правата на жените” кој ќе се одржи по повод Меѓународниот ден на жената на 8 март, 2018, со почеток во 12.00 часот тргнувајќи од Жена Парк.
Маршот за правата на жените се одвива според однапред определена рута, тргнувајќи од Жена Парк, преку Плоштад Македонија, Камениот Мост, а ќе заврши на плоштадот Филип Втори (пред фонтаната).
Мотото оваа година е „Дали е среќен 8 март?“, а се користат и актуелните хаштагови #сегакажувам, #далиесреќен8март, #женскиправа
Земајќи го предвид родовиот јаз во економската, политичката и социјалната сфера на државата, Маршот за правата на жените ќе испрати порака дека родовата еднаквост е важен фактор кон постигнување на демократско и еднакво општество.
Се гледаме на марш!