Каде во светот е декриминализирано личното поседување на дрога? Каде е легализиран канабисот? TalkingDrugs објавија мапа на земји кои што имаат декриминализиразно лично поседување на дрога.
Многу земји донеле законска регулатива или имале судски пресуди, со кои го декриминализирале личното поседување дрога. Сепак спроведувањето на овој пристап е далеку од униформираност; во некои земји и покрај декриминализацијата, луѓето и понатаму се соочувале со затворски казни за поседување на мали количини дрога.
Земји со тотална декриминализација (обележани со црвено на мапата)
Ерменија: Во 2008 година со законодавната реформа поседувањето на “мали количини” на нелегални дроги било казнувано со административни казни, а не како криминално дело. Со законот, исто така, се декриминализирала и некомерцијалната (социјална) набавка на мали количини на дрога.
Чиле: Личното поседување дрога било декриминализирано во 2005 година, иако количниата “лична употреба” не била законски дефинирана – толку многу луѓе и понатаму се казнувани со криминални дела за поседување мали количини дрога.
Колумбија: Личното поседување на дрога било декриминализирано во 1994 година, а тоа било и потврдено од страна на Врховниот суд во 2011 година.
Костарика: Костарика декриминализирала секаква лична сопственост на дрога во 1988 година.
Хрватска: Во Хрватска, од 2013 година, поседувањето на “мали количини” на дроги за лична употреба повеќе не е кривично дело, туку се казнува со парична казна.
Чешка: Чешка ја декриминализирала секое лично поседување на дрога во 2010 година.
Еквадор: Почнувајќи од 2013 година, луѓето кои биле фатени со помалку од одредено количество дрога биле изземени од кривично гонење.
Естонија: Во 2002 година, законодавните амандмани потврдиле дека поседувањето на мали количини на сите незаконски дроги кои биле наменети за лична употреба веќе не е кривично дело.
Италија: Поседувањето на дрога за лична употреба било казниво со административни санкции. Доколку некое лице за прв пат било фатено да поседува недозволени дроги, обично не се применувале административни санкции.
Латвија: Во Латвија, поседувањето на мали количини на дрога наменета за лична употреба било административен прекршок казнив со предупредување или парична казна.
Холандија: Поседувањето дрога во Холандија не е законски декриминализирано; Наместо тоа, постои долготрајна политика на не-обвинение. Личното поседување дрога де факто е декриминализирано.
Парагвај: Парагвај дозволиле поседување на недозволени дроги за лична употреба. Сепак, луѓето морале да бидат регистрирани како лица кои користат дрога, како не би биле казнети.
Перу: Личното поседување дрога било декриминализирано во 2003 година.
Португалија: Португалија го декриминализирала секое поседување на дрога наменета за лична употреба уште во 2001 година.
Словенија: Во Словенија, поседувајќи мала количина дроги за сопствено не се сметало за кривично дело, но би можело да резултира со парична казна.
Шпанија: Шпанскиот Врховен суд во 1974 година донел одлука дека употребата и поседувањето на дрога не биле кривични дела, концептот не бил интегриран во шпанскиот закон се до 1982 година. Во моментов, доколку полицијата пронајде поединец што поседува количина на дрога која што би можела да се искористи во рок од 5 дена, поединецот најверојатно би се соочил со административна казна издадена од полицијата.
Уругвај: Поседувањето дрога за лична употреба во Уругвај никогаш не било криминализирано.
Земји кои размислуваат за декриминализација (обоележани со жолто на мапата)
Владите на Ирска, Гана и Норвешка се уште ја разгледувале декриминализацијата на целокупното поседување дрога за лична употреба.
Земји со декриминализација на канабис (обележани со зелено на мапата)
Австралија: Поседувањето на канабис за лична употреба е декриминализирано во три држави: Јужна Австралија (до 100 грама биле казнувани со парична казна), Главната Австралиската територија (до 50 грама биле казнувани со парична казна или биле упатувани на третман за лечења во одредени случаи) и Северната територија (до 50грама биле казнувани со парична казна).
Белгија: Возрасните кај кои биле најдено под 3 грама или само една туфка за канабис за лична употреба не биле кривично гонети.
Германија: Во 1994 година, Сојузниот уставен суд на Германија пресудил дека кривичните казни за поседување или увоз на мали количини канабис се неуставни. Некои региони ја интерпретираат оваа одлука како би се опфатиле и други видови на дроги.
Грузија: Поседувањето на канабис за лична употреба било декриминализирано во Грузија во 2017 година. Во 2018 година, Уставниот суд пресудил дека лицето кое било фатено со канабис не може да биде казнето на било кој начин, вклучувајќи ги и паричните казни.
Израел: Во Израел личното поседување на канабис кај возрасни лица било декриминализирано во 2018 година. Војниците пак доколку се фатени со канабис сеуште можат да бидат кривично гонети.
Јамајка: Поседувањето до 50 грама канабис не резултирало со криминално досие на Јамајка.
Јужна Африка: Во септември 2018 година, Уставниот суд го декриминализирал личното поседување и одгледување на канабис наменето за лична употреба. Судот донел одлука дека забраната на ваквите активности во домот на поединецот е повреда на правото на приватност.
Швајцарија: Возрасниот човек кој поседува 10 грама канабис или помалку, нема да биде предмет на гонење.
САД: Најмалку 18 држави имале легализирано или декриминализирано канабис.
Земји кои што декриминализирале, но се исклучени од мапата
Аргентина: Врховниот суд пресудил во 2009 година дека криминализацијата на луѓето за поседување на дрога за лична потрошувачка е неуставна. Меѓутоа, бидејќи се уште не бил донесен закон за декриминализација на поседувањето на дрога, луѓето се уште биле гонети за ова дело.
Мексико: Мексико декриминализирало поседување на мали количини дрога уште во 2009 година, но прагот на дозволената количина е толку ниска што голем број луѓе и покрај сѐ биле криминално гонети за поседување на дрога за лична употреба.
Полска: Полска декриминализирала поседување на мали количини на дрога во 2011 година, но прагот на количините не е прецизно дефиниран, што значи дека многу луѓе биле криминално гонетипоседување на дрога за лична употреба.
Русија: Според законот, личното поседување дрога е декриминализирано во Русија. Сепак, екстремно ниските прагови го прават системот нефункционален, а луѓето кои се наоѓаат во сопственост на многу мали количини дрога за лична употреба и понатаму се затвораат.
Земји со регулативи за рекреативна употреба аа канабис (обележани со сино на мапата)
Канада: Рекреативнита употреба на канабис е официјално легална во Канада од 17 октомври 2018 година.
Уругвај: Уругвај стана првата земја што го легализирала рекреативниот канабис. Законот бил усвоен во 2013 година, одгледувањето на канабис за лична употреба било легализирано во 2014 година, а аптеките почнале да го продаваат канабисот во 2017 година.
САД: Девет држави (Алјаска, Калифорнија, Колорадо, Мејн, Масачусетс, Невада, Орегон, Вермонт и Вашингтон) ја легализирале продажбата и поседувањето на канабис за медицинска и рекреативна употреба. Во државата Вермонт и Вашингтон, личната употреба е легализирана, но комерцијалната продажба останува незаконска.