Манифестот на сексуалните работници е созададен и прифатен од 120 сексуални работници од 26 земји на Европската конференција за сексуална работа, човекови права, труд и миграција, одржана на 15 и 16 октомври 2005 година, во Брисел. Манифестот претставува заедничка визија на сексуалните работници за еднакво и праведно општество. |
Клучни извадоци од манифестот:
- Доаѓаме од многу различни земји, од многу различни опкружувања, но откривме дека се соочуваме со истите проблеми на работа и во секојдневниот живот.
- Во овој документ се разгледуваат нееднаквостите и неправедните пристапи во нашите животи и во сексуалната индустрија во моментов, се дискутираат нивните причини и е дадена нашата визија за промените кои се потребни за да создадеме еднакво општество во кое сексуалните работници, нивните права и труд се препознати и вреднувани.
- Живееме во општество во кое се купуваат и продаваат различни услуги. Сексуалната работа е една од тие услуги. Таа не треба да се криминализира.
- Жртвувањето на сексуалните работници од религиозни и морални причини е неприфатливо. Сите луѓе имаат право на лични морални вредности, но моралните вредности не смеат да се наложат на никој, ниту пак истите да влијаат врз политичките одлуки.
Го осудуваме лицемерието во нашите општества каде нашите услуги се користат, а нашата професија се смета за нелегална.
[accordions] [accordion title=”Право на слобода од дискриминација” load=”hide”]Оцрнување на сексуалните работници поттикнува дискриминација и омраза. Бараме сексуалните работници да бидат заштитени од законите против дискриминација.[/accordion] [accordion title=”Право на нашите тела” load=”hide”]Си го бараме нашето право како човечки суштества на користење на нашите тела на начини на кои нема да не повредат, вклучуваќи го и правото на доброволни сексуални односи, независно од полот или етничката припадност на нашите партнери, независно од тоа дали плаќаат или не. [/accordion] [accordion title=”Злоупотреба на сексуалната работа” load=”hide”]Злоупотребите постојат во сексуалната работа, но не ја дефинираат.Давањето права на сексуалните работници би им овозможило да ги пријават прекршувањата на човековите права.Го бараме правото да може да ги пријавиме злоставувањата врз нас, без притоа да сме цел на одмазда.Бараме заштита од оние кои ни се закануваат нам и на нашите семејства и нивно разоткривање. [/accordion] [accordion title=”Приватност и семејство” load=”hide”]Ние сме способни човекови суштества кои можат да сакаат и да се грижат за други луѓе како и секој друг.
[/accordion] [accordion title=”Борба против насилството врз сексуалните работници” load=”hide”]
- Сексуалните работници подлежат на големо насилство и криминал.
- Стигматизацијата на сексуалните работници не однесе кон општество и јавни власти кои го одобруваат ова насилство и криминалот против сексуалните работници, затоа што се смета како природно за тој тип на работа.
- Бараме нашите власти јавно да ги осудат оние кои се насилни против нас.
[/accordion] [accordion title=”Здравје и благосотојба” load=”hide”]Никој, а најмалку сексуалните работници, не може да одречат дека постојат здравствени ризици поврзани со сексуалната работа, но сепак, мит е дека сме „валкани“ и „нечисти“. Всушност, ние знаеме многу повеќе за сексуалното здравје и практикувањето на безбеден секс одошто јавноста и делуваме како сексуални здравствени едукатори за нашите клинети.
[/accordion] [accordion title=”Даноци и социјална помош” load=”hide”] - Бараме пристап до социјално осигурување со кое ќе имаме право на заштита при невработеност и боледување, пензии и здравствена грижа.
- Сексуалните работници би требало да плаќаат данок како и други вработени и независни работници и би требало да ги користат истите поволности.
[/accordion] [accordion title=”Здравје и безбедност на работно место” load=”hide”] - Бараме нашите влади сериозно да го сфатат нашето здравје и безбедност и да промовираат безбедни работни средини во кои насилството и злоупотребата нема да се толерираат.
- Со цел да го одржиме нашето здравје бараме достапни средства за заштита и пристап до здравтствена грижа.
[/accordion] [accordion title=”Декриминализација на сексуалната работа” load=”hide”] - Продавањето на сексуалните услуги и бидувањето сексуален работник е често поистоветувано со криминал, дури и без да постои никаков прекршок од наша страна.
- Бараме крај на законите кои не криминализираат нас и они со кои работиме, нашите клиенти и нашите семејства.
- Со цел да ја направиме сексуалната работа безбедна професија, бараме да се воведат закони против измамите, присилбите, детско сексуално злоупотребување, насилство, силување и убиства во сексуалната индустрија.
[/accordion] [/accordions]
Целосната верзија на Манифестот на сексуалните работници во Европа може да ја превземете овде.