Премиерот на Малта, Роберт Абела, на 18 февруари, изјавил пред новинарите дека корисниците на канабис не треба да одат во затвор и ќе можат да одгледуваат ограничено количество растенија. Абела кажал дека Кабинетот наскоро ќе расправа за Белата книга што ќе биде објавена за јавни консултации. Реформата ја спроведува парламентарната секретарка за реформи Розиана Кутајар.
„Не може да биде прифатливо тинејџер кој е фатен со џоинт да биде уапсен, испрашуван и треба да се појави на суд или пред Трибуналот за дрога … И ние треба да бидеме одговорни бидејќи не верувам во крајности“, Абела
Тој изјавил дека реформата ќе стави крај на полициските апсења за луѓето фатени во посед на мала количина канабис и навестил дека сегашната граница од 3,5 грама дозволена за закон ќе се зголеми.
Тоа било изборно ветување на Лабуристичката партија да иницира дискусија за легализација на канабисот, но досега, нема формални предлози и покрај тековните консултации.