Малезија го елиминираше пренесувањето на ХИВ од мајка на дете и слави значајна победа за превентивни болести кај бебињата, а со тоа станува и прва земја во регионот на Западен Пацифик која што го елиминира преносот на ХИВ и сифилис од мајка на дете, официјално е потврдено од Светската здравствена организација (СЗО) во октомври.
Ниту едно дете не треба да се роди со ХИВ или сифилис, но прекинувањето на овој циклус се уште е значаен предизвик за земјите со низок и среден приход. Околу 13.000 жени кои живеат со ХИВ забременувале во регионот на Западен Пацифик ( СЗО) секоја година, а една од четири жени не го добивале антиретровирусниот третман (АРТ) кој што им бил потребен.
ХИВ може да се пренесе од ХИВ-позитивна жена на своето дете за време на бременоста, при процесот на раѓање и преку доењето, и претставува огромно мнозинство нови ХИВ инфекции кај децата. Програмите за превенција за пренесување на ХИВ вирусот од мајка на дете (ППМР) им ја давале потребната антиретровирусна терапија на ХИВ-позитивни бремени жени со цел спречувањена пренесување на вирусот на своите деца. Без соодветен третман, веројатноста за пренесување на ХИВ од мајка на дете е од 15 до 45 проценти. Сепак антиретровирсната терапија и другите ефективни интервенции од програмите за превенција на пренесување на вирусот го намалиле овој ризик под 1%.
Околу 45.000 бремени жени во регионот имале сифилис – инфекција која што може да резултира со губење на фетусот, мртвородено бебе и неонатални инфекции. Но, едноставен превентивен третман како што е пеницилинот може да доведе до елиминирање на овој ризик.
Малезија била една од првите глобални корисници на превентивните програми за ХИВ и сифилис – започнувајќи со антинаталениот скрининг во 1997 година. Денес, овој вид на услуги се целосно интегрирани во рамките на нивната Семејна здравствена програма, а тестирањето се обезбедува бесплатно и практично и сите жени добиваат пристап до квалитетни здравствени услуги, вклучувајќи контрацепција и пораѓања со помош на квалификувани здравствени работници. Оваа стратегија драматично го намалила бројот на бебиња родени со сифилис или ХИВ.
„Ова постигнување на елиминација не означува крај на нашата борба во обезбедувањето на секое малезиско дете да може да започне здрав живот без ХИВ и сифилис”, изјавил министерот за здравство на Малезија, д-р Џулкефи Ахмад.
„Ова е почеток на едно бесконечно патување чија што цел е да се обезбеди исклучителен квалитет на грижата за спречување на сите инфекции кои се пренесуваат од мајка на дете. Следната цел кон која се стремиме е Хепатитис Б. Моја искрена надеж дека оваа програма, која е извор на национална гордост и важност, дополнително ќе се засили во годините што доаѓаат преку постојан ангажман со граѓанското општество и силна политичка поддршка .”