Евроазиската мрежа за намалување на штети (EHRN) почнува да објавува серија на профили на земји како одраз на општата состојба на намалување на штети и презентирање на најновите достапни податоци за финансирање, законски и политички средини, проценета популација на лица кои инјектираат дроги (PWID) и епидемиолошките податоци во 29 држави каде што работи EHRN.
Република Македонија се смета за земја со среден приход, со самото тоа што е земја со среден приход се повлекува финансиската поддршка од Глоабален фонд за борба против СИДА, туберкулоза и малaрија. Македонија е една од земјите која е со ниска преваленца на ХИВ.
Со помош од Глобалниот фонд од 2004 година успеваат да се спроеведат национални стратешки планови за ХИВ, а со тоа Македонија ја одржа својата ниска преваленца на ХИВ, највидливи резултати се преку постигнување на контрола на епидемијата на ХИВ кај луѓето што инјектираат дрога.
Поддршката на Глобалниот фонд помогна да се изгради широка мрежа на програмите за намалување на штети, вклучувајќи опиоидни лекување со замена (ОСТ) и програми за размена на игли, додека во 2009 година владата почна со имплементација на супституциона терапија.
Финалниот грант на Глобалниот фонд за ХИВ завршува на 31 декември 2016 година.
Со намалување на поддршката од Глобалниот фонд и со недостаток на финансиски средства од други донатори, регионот на EECA сега се соочува со предизвикот на подигање на домашни ресурси за овие програми. Недостатокот на транзиција и одржливост и планирање го зголемува ризикот земјите да го изгубат својот напредок што го направи во текот на последната деценија.
Во Македонија постојат 11 организации кои работат со намалување на штети. На овој линк можете да ги видите имињата на организациите.