Министерот за здравство од Луксембург, ги повикува своите европски соседи да ги ублажат своите закони за дроги и воедно ги потврди плановите на Луксембруг, да стане првата европска земја која ќе го легализира производството и потрошувачката на канабис.
„Оваа политика за дрога која што ја имавме во последните 50 години не функционираше. Забранувањето на сè стана уште поинтересно за младите луѓе … Се надевам дека сите ќе добијат поотворен став кон дрогата“ – Етиен
Во рок од две години, жтелите на возраст над 18 години се очекува да можат да купат на легален начин, канабис за рекреативна употреба. Државата ќе го регулира производството и дистрибуцијата преку агенција за канабис.
Предлог законот се очекува да биде објавен во текот на оваа година, каде ќе бидат дадени дополнителни информации за видовите канабис што ќе се продаваат, а воедно ќе се дадат повеќе информации за висината на данокот.
Шнајдер изјавил дека законодавството најверојатно ќе вклучува забрана за купување на канабис за туристи, како не би се развил туризмот со дрога. Домашното одгледување на канабис, исто така, најверојатно ќе биде забрането.