“Пентагон” е населба која е добро позната по отворените сцени каде што се употребуваат дроги, инаку се наоѓа во Братислава, Словачка. Нередот од употребените игли, шприцеви, чаши и останатото ѓубре се секојдневен проблем во оваа заедница. Тоа е место каде што мнозинството и малцинството се среќаваат. Додека мал број од лицата кои употребуваат дроги се соочуваат со неколку здравствени и социјални проблеми, фрустрацијата на мнозинството расте поради тоа што нема системски решенија за овие проблеми. Пентагон е на маргините на политичките интереси, иако во медиумите се изнесуваат шокантни сцени од населбата за да со тоа се покријат во вестите. Од време на време се даваат ветувања од политичарите и Министерството за внатрешни работи ама само за на вести. Но како и да е, изминатата година, благодарение на луѓето кои што употребуваат дроги, Пентагон започна да го менува својот лик.
Здружението на граѓани Одисеј, е формирано во 1997 година и е најстарото здружение кое што се занимава со намалување на штети од употреба на дрога во Словачка. А во населбата Пентагон постои од 2001 година. Нуди мобилна програма за игли и шприцеви, советување, тестирање за ХИВ и сифилис, и социјална асистенција за луѓе кои што инјектираат дроги и за сексуални работнички. Моментално, се развива стратегија за вклучување на заедницата и за неколку години најпрво соработуваше со ПР волонтери и е досега е единствената програма во Словачка.
Во Пентагон, Одисеј контактира со преку 400 луѓе кои што употребуваат дрога, кои што враќаат околу 30,000 употребени шприцеви за безбедно депонирање секоја година. За време на нивната теренска работа, социјалните работници од Одисеј често се соочуваат со критики и фрустрации на соседите како симптом на “не го прави тоа во мојот двор” и стигматизација. Постои мит дека локалното население ја окривуваат програмата за размена на игли и шприцеви за тоа што ги носи корисниците на дроги во заедницата, и тие мислат дека луѓето кои што употребуваат дроги не се вредни за да се работи со нив.
Одисеј одлучи да им даде шанса на луѓето кои што употребуваат дроги да го докажат спротивното. Од нивното долгогодишно искуство со заедницата, Одисеј знаеше дека луѓето кои што употребуваат дроги навистина се грижат, и дека можат да се здружат заедно за промени. Организацијата покрена средства за овој проект за активното учесто на заедницата во општината на Братислава, и доби помош од област на градот што предвидување високо квалитетни контејнери за складирање на ѓубрето. Покрај работата на луѓето од организацијата, Одисеј ги охрабри и луѓето кои што употребуваат дроги заедно со останатите да се приклучат кон чистењето на населбата.
Околу 20 луѓе ко употребуваат дрогi учуствувале во оваа акција на чистење. Шансите на овие луѓе за вработување се многу ретки зошто немаат лични карти, имаат криминално досие и високи долгови. Покрај фактот што голем број од нив се и бездомници и имаат здравствени проблеми, тие се со желба да помогнат за да се подобри ситуацијата во нивната заедница.
Според Одисеј, Пентагон, како и многу други места во Словачка, навистина заслужуваат повеќе системски решенија кои што можат да се пронајдат преку заеднички дијалог. Во овој случај, за повеќе од 10 години било ветено и се верувало дека дрогата ќе биде тргната настрана од оваа заедница. Денес, реновирањето на зградите и приватните безбедносни служби се наведени како магични решенија во Пентагон, и многу луѓе сонуваат дека ова е начин да се ослободат од луѓето кои што употребуваат дроги.
Акциите за чистење се само еден дел од активностите кои што и ги нуди Одисеј на општината и на градската област. Моментално, Одисеј ја разгледува можноста за отварање на дроп ин центар кој што ќе се наоѓа во Пентагон, за да можат луѓето да работат поблиску до заедницата. Финансирањето е најголем предизвик за ова остварување.
Извор: http://drogriporter.hu