Психоделичните супстанции како ЛСД и псилоцибин – активната состојка во магичните печурки, се моќни и имаат можност да го трансформираат начинот на кој луѓето го гледаат светот. По неколку години на забрана психијатриски истражувачи во САД се надеваат дека ќе ги искористат предностите на таа моќ, за да овие супстанци бидат дел од третманот за нарушено менталното здравје.
Новиот документарен филм “Ново разбирање: Науката за псилоцибин” покажува дека резултатите кои досега постојат, се моќни. „Доколку на антидепресивите им се потребни три до четири недели за да го постигнат својот ефект, псилоцибин тоа може да го постигне за 30 секунди“ објаснува во филмот Дејвид Нат, професор по неуропсихофармакологија во одделот за наука за мозокот на „Империјал колеџ“ во Лондон.
Научниците пронајдоа дека една доза од псилоцибин придружен со терапија може да има трансформациски ефект врз менталното здравје, како “хируршка интервенција”. Тоа дава можност да се третираат дури и случаи на депресија и анксиозност, кои се отпорни на стандарден третман.
Филмот ги следи истражувачите и учесниците во истражувањето кои се во првите редови на оваа модена ера за психоделичните студии и истражувања. Пациентите со рак кои се соочуваат со стресот поради болеста која е закана за нивниот живот, зборуваат како нивните искуства им помогнале да го надминат стресот и да ја прифатат нивната состојба. Здравите волонтери кои земале псилоцибин за прв пат за да покажат дека може да се користи безбедно како терапија, го опишале “трипот“ како нешто што им ја сменило нивната перцепција.
Како општество, посветивме големо внимание на лекувањето на ракот, но многу малку за лекување на човекот кој е на умирање од рак. Преку очите на пациентите, нивните најблиски, терапевти и истражувачи овој филм ја разгледува употребата на псилоцибин во контролиран амбиент за да се намали психодуховната анксиозност, депресијата и физичката болка. Третманот има за цел да му помогне на пациентот да разбере дек е можна “добра” смрт, воедно им помога на семејствата да се соочат со процесот на умирање на пациентот.
Трејлерот за филмот: ANU OFFICIAL TRAILER
Линк каде може да се откупи и стрима филмот: New Understanding: The Science of Psilocybin
Фејсбук профил и Твитер профил.