Едно знаеме дека ковид кризата ќе потрае, а со тоа мора да се променат нашите навики. Ова е причината заедно со сексуалните работници и луѓето кои употребуваат дроги, а воедно ги користат услугите на ХОПС, да направиме лифлети со информации, како да се заштитиме од КОВИД- 19.
📍 Носете заштитна маска на отворено место
📍 Одржувајте дистанца со други луѓе
📍 Често мијте ги рацете
📍 Не се групирајте на затворен или отворен простор
📍 Не се поздравувајте со дланките
📍 Избегнувајте контакт со лица кои имаат симптоми или дијагностицирано КОВИД-19.
„Оваа публикација е подготвена со финансиска поддршка на Влада на Република Северна Македонија.
Содржината на оваа публикација е единствена одговорност на Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Владата на Република Северна Македонија“.