На 16 и 17 декември 2019 година во хотел Романтик во Велес се одржа обука за „Лидерски вештини и техники“. Обуката овозможи 17 сегашни но и идни лидери на граѓански организации да ги развијат своите вештини и техники за лидерство. Вања Димитриевски од ХОПС беше дел од обуката.
Во родова балансирана група се презентираa и потоа дискутираa концептите на лидерство во теорија и пракса со осврт на следните елементи: одговорно лидерството во граѓанските организации (интегритет, транспарентност и отчетност), различни модели на лидерството во организациите и анализа на стилот на лидерство, комуникација, донесување на одлуки, кредибилитет и легитимитет, и др.
„Обуката за лидерски вештини и техники за преставниците на ГО организирана во Велес од страна на МЦМС, беше од големо значење за мене и за организацијата која ја претставувам. Истата ми овозможи надградување и дополнителни знаења од самата област, кои се корисни во дефинирање и спроведување на организациски развој, но и во тековното организирање и реализирање на активностите. Дефинитивно ваквите обуки придонесуваат во подобрување на лидерскиот статус и го зајакнуваат капацитетот на организациите во целост.“ изјави Тони Станковски од Здружението на граѓани Љубезност.
Обуката е реализира во рамките на програмата „Одржливо граѓанско општество – државно финансирање на ГО“ која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации (ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европската Унија.