Иницијативата за правда на Отворено општество и Централно-европскиот универзитет повикуваат кандидати да се пријават на “Летна школа за парница за човекови права” што ќе се одржи во Берлин од 8 до 12 јуни.
Летната школа нуди единствена можност за професионалците за човекови права да се надоградат врз нивното искуство и да ги развијат своите вештини за успешно поведување случаи во регионалните системи за човекови права и тела на ООН и да ги користат овие случаи за да постигнат практични промени. Наставната програма ќе комбинира презентации, студии на случаи, вежби и групи за дискусии со подготвителна работа и понатамошно читање за да обезбеди целосна максимална корист за оние што одат на курсот. Учесниците ќе бидат поканети да дадат информации за нивната работа и тие конкретни примери ќе помогнат во облик на дискусија.
Програмата е коорганизирана од Центарот за основни права на училиштето Херти
За да добиете целосни информации за Летното училиште, следете го овој линк >>>