ХОПС – Опции за здрав живот Скопје организира Школа за “ Дроги, политики и практики”. Оваа п школа нуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап која ги зема во предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на школата е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги.