Лекувањето е право, а не привилегија!

1

Квалитетот на програмите за лекување во Македонија повеќе години не ги задоволува минималните стандарди за лекување на луѓето кои користат дроги, односно има недостаток на персонал, изостанува психосоцијалната поддршка како и програми за рехабилитација и ресоцијализација.

Многу често центрите за лекување од зависност, се наоѓаат далеку, што е отежителна околност за луѓето кои земаат терапија. Ова го отежнува нивното секојдневие, наоѓање работа или одење на работа.

Некои луѓе секојдневно патуваат од еден во друг град за да земат терапија, а оние кои живеат во Скопје менуваат по 2 градски автобуси да стигнат до дневната болница за зависности.

Системско решение како и квалитетни и сеопфатни програми ќе го подобрат квалитетот на живот на луѓето кои се на метадонска или бупренорфинска терапија, како и на нивните семејства и на пошироката заедница.

Ова е причината поради која и оваа година се приклучивме на кампањата Support. Don’t Punish., која е е глобална кампања за политики на дроги кои се базираат на здравствени и човекови права. Оваа година повикуваме за квалитетни и ефективни програми за лекување, заедно да се бориме за оние на кои што системот им ги затвора сите врати во општеството и оние кои секојдневно се среќаваат со дискриминација.

Ве повикуваме да ни се придружите на 26-ти јуни во Градски Парк, од 17-19 часот на цртање графити заедно со Давид Ристевски – Џаџе (Dreadpen). Преку овие графити заеднички ќе ја пренесеме пораката за поддршка и еднаков третман за сите. Лекувањето е право, а не привилегија!

#ХОПС #supportdontpunish #поддржинеказнувај

1 Коментар

  1. Zdravo meznam kako da kazam ali vo skopje e uzas za zavisnicite kako se tretirani sum se zapraepastila zavisnicite go zloupotrebuvaat metadonot toa e terapija vo skopje se dava cist metadon nikade vo svetot ne im se dava cist metadon zatoa e golema brojka na zavisnoci koi go zloupotrebuvaat lekot jas rabotam vo klinila za zavisnici vo UK .tuka ne se dava cist metadon mora da se rastvori i da se dodade boja za da ne se zloupotrebuvaat i lekot se pie po aptekite koj mora da go ispie pred apotekarite samo za vikend im se dava da go nosat doma .mislm toa e uzas kaj nas

Leave A Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.