Употребата на дроги не е новост ниту реткост и во Македонија. Речиси 9% од македонските граѓани пробале нелегални дроги во текот на животот, што е случај за речиси 19% од младите од 15- до 24-годишна возраст. Околу 1,1% од граѓаните во Македонија пробале опиоидни дроги, а бројот на лица кои ги употребуваат со инјектирање се проценува на околу 6 800.
Супституциското лекување за опијатна зависност во Психијатриската болница Скопје датира од раните осумдесетти години на 20 век, додека почнувајќи од 2005 г. со поддршка од Глобалниот фонд лекувањето беше дисперзирано во уште 9 градови низ државава. Ова резиме е извадок од анализата за ЗАСТАПУВАЊЕ ОД/ВО ЗАЕДНИЦАТА ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ЗАВИСНОСТИ ОД ДРОГИ ВО СКОПЈЕ.
Анализата содржи преглед на актуелната состојба во програмите за лекување на зависности од перспектива на пациентите. И покрај многуте бенефити од програмите, овде се презентирани само постоечките слабости со цел да бидат јасно препознаени и адресирани.
