И покрај зголемената загриженост за бројот на млади луѓе кои што купуваат дрога преку платформи за социјални медиуми, постоело причина да се верува дека ваквиот пристап можел да влијае на намалувањето на ризиците што постоеле при купувањето и употребата на дрога.
Новообјавената студија од страна на Меѓународниот весник за политики на дроги, # DrugsForSale, се истражувал трендот на пораст на социјалните медиуми кои што биле користени за нелегална продажба на дрога. Студијата вклучувала меѓународна онлајн анкета со која биле опфатени вкупно 358 луѓе – првенствено од Обединетото Кралство, Австралија, Канада и САД – кои користеле или користат софтверски апликации за купување на нелегална дрога.
Од спроведената анкета биле добиени следните резултати: Снепчат го користеле 76 проценти од испитаниците за пристап до нелегална дрога, 22 проценти користеле Инстаграм, 11 проценти користеле Вацап и 10 проценти користеле Фејсбук или Фејсбук Месинџер. Неколку испитаници рекле дека користеле онлајн апликации за запознавање луѓе – како што се Тиндер и Грајндр – за пристап до дрога.
Купувањето на дрога од “црниот пазар на интернет” навидум бележело пад на бројот на младите луѓе кои што ги користеле овие сајтови, делумно поради тешките мерки за спроведување на законот на ваквите локации, како и поради сложениот процес на пристап до ваквите пазари и користење на криптовекциите.
Еден испитаник од Велика Британија, Зак, го споделил своето мислење:
“Тоа едноставно изгледаше како едноставен, модерен начин да се купува нешто. Јас бев прилично уморен од црниот пазар на интернет, бидејќи јас никогаш не го добивав тоа што го барав, така што мораше секогаш да имам пријател во близина за да ми помогне. Со користењето на овие апликации тоа е супер едноставно; за кратко време успеав да се поврзам со странци, за кои никогаш порано немав можност да им пристапам. Многу дилери во оваа област користат исклучиво Снепчат, па без него јас ќе продолжев да се потпирам на луѓе кои ми се доближуваа на улица или случајно се судруваа со луѓе во клубови “.
Заедно со зголемената леснотија на купување дрога и избегнувањето на потенцијално ризичните средби со луѓе што се на улица, со користењето на апликации можело да им се овозможи на купувачите подобро да разберат што добиваат однапред. Купувањето дрога преку апликации им овозможувало на луѓето да гледаат фотографии и видеа за производите што ги купуваат.
Друг испитаник од Велика Бртанија, Оли, изјавил:
“Прв пат кога купив Ксанакс беше преку Снепчат, бидејќи можев да го гледам дилерот како ги отвора запечатени пакети на неговото стори објавено на Снепчат пред да ги продаде и затоа се чувствував безбедно да ги консумирам … никогаш нема да купам нешто што не сум го пробал од некој човек на улица или нешто друго освен ако не бев очаен “.
Бидејќи луѓето кои купуваат дрога често може да ја проценат нивната набавка преку бојата, текстурата, мирисот или структурата, гледајќи слики од дрогата – однапред – би било од голема корист од купувањето преку социјалните медиуми, особено кога се споредува со правењето брзи набавки на улица.
И покрај ваквите очигледни придобивки од овој релативно нов пристап за купување дрога, сериозните проблеми сепак се уште постојат.
Гледањето на продавачите или подготвувањето на дрогата прикажано во апликациите во реално време или читањето на позитивни “критики” во делот за коментари, може да биде ризично за онлајн купувачите нудејќи им лажно чувство на сигурност. Поради забраната, сите незаконски продадени супстанции може да содржат неочекувани комбинации со други супстанци и затоа се инхерентно ризични за консумирање. Овој ризик можел да биде ублажен со поширок пристап до објекти за проверка на дрога – пристап кој растел, но сепак бил ограничен, во Велика Британија, Канада и Австралија.
Тоа било од суштинско значење за луѓето кои користеле дроги за да бидат информирани за она што тие го користат, и купување преку апликации може – до одреден степен – да помогне да се подобри нивното знаење. Сепак, остануваат сериозни ризици при купување нелегална дрога од било кој извор.