Семејното насилство претставува грубо кршење и нарушување на правата на жената. Жената која е жртва на семејното насилство очекува надлежните институции и органи да постапуваат навремено, согласно и ефикасно. Пристапот до правда, односно информираноста и можноста за правно разрешување на семејното насилство, времетраењето на постапката, доказите што треба да се обезбедат, видот на одлуката, и особено каков вид на казни им се изрекуваат на насилниците, се индикатори за општествената реакција и третманот на овој вид на насилство, односно укажуваат на тоа каква заштита обезбедуваме на оние што претрпеле насилство.
За содржината на овој документ целосно е одговорно Здружението ЕСЕ и во никој случај не ги рефлектира позициите на Европската Унија.