На 4.02.208 во ХОПС се одржа втората блок сесија на едукативно креативната работилница на тема „Информираност и дроги“.
Со отворен повик за учество се пријавија заинтересираните лица на возраст од 20-25 години.
Фацилиратори на работилницата беа Д-р Давор Смиланов – едукатор од ХОПС, Благородна Коцева Симјанов – фацилиратор од ХОПС, нашата позната илустраторка и графичка дизајнерка Емилија M. Ставрова („Ем елефантски“) и нашиот илустратор, дизајнер и графити артист Драган Китановски (ДРАШ).
Учесниците во едукативната сесија од работилница преку презентација беа едуцирани за ризиците од употреба на психоактивни супстанции со фокус на информираност и новите трендови на употреба на ПАС. Во вториот дел од работилницата се одржа креативна сесија со фацилитаторите на креативниот процес кои го презентираа нивниот начин на работа и техника. Со учесниците се дискутираше за визуелни начини на пренесување на порака за информираност и дроги која би била актуелна и интересна за нивните врсници.
Наскоро ќе бидат завршени и квалитетни и интересни визуелни решенија на темата „Информираност и Дроги“ кои ќе ви ги претставиме на сите.