Ја имавме привилегијата да бидеме една од организациите која е добитник на грант на првиот повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-АКТ-04).
Нашиот проект е насловен како „Креативна акција за општествени промени“: Граѓански ангажман на луѓето во социјален ризик. Општата цел на истиот е општествена интеграција и социо-економско зајакнување на луѓето во социјален ризик, преку нивно активно вклучување во активности базирани на креативно-уметнички активизам и преку афирмација на нивната работа во локалната заедница.
Специфична цел:
Јакнење на капацитетите за општествен придонес на луѓето од општествено-маргинализираните заедници и збогатување на содржините за забава и неформално образование во локалните заедници, особено на децата и на младите.
Очекувани резултати:
– Ресоцијализација, реинтеграција, социјална инклузија и развивање на работни навики и вештини на луѓето кои употребуваат дроги, преку нивно активно вклучување во создавањето на креативно-уметничките просторни инсталации.
– Социјална инклузија и развивање на животни вештини за јакнење на самодовербата кај децата во социјален ризик, преку нивно активно вклучување во развој на идеите и во изработката и креативно-уметничките просторни инсталации.
– Видливост на придонесот на луѓето во социјален ризик во активниот живот во локалните заедници, сензибилизација на локалната и пошироката заедница и обезбедување на одржливост на акциите.
Како прва наша активност ќе го напоменеме присуството на Д – Фестивал. На фестивалот низ креативна дружба ќе се информираме, едуцираме, забавуваме, советуваме и претставиме со културно уметничка просторна инсталација поддржана од Civica Mobilitas: Целта е да поттикнеме младински активизам и демистифицирање на употребата на дроги како субкултурен феномен, особено интересен за младите. #цивикамобилитас