Со легализирање на рекреативен канабис, компании во Илиноис ги преиспитуваат политиките за тестирање на дроги
Амазон во Илиноис прекинува да прави случајни тестирања за канабис и сега канабисот го третира како алкохол. И другите бизниси полека почнуваат да ги менуваат своите политики за проверка на канабис.
Бидејќи легалниот пазар на канабис за рекреативна употреба во Илиноис се вкорени за време на пандемијата, многумина сега не сакаат да работат во компанија која нема да им дозволи да пушат преку викенд. Компаниите се очајни за работници и се наоѓаат подготвени да се променат (извор: https://hops.org.mk/8097-2/).
Работната група за канабис ги дефинираше поимите декриминализација, легализација и депенализација
Во Владата се одржа вториот состанок на Работната група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот.
На вториот состанок Работната група усвои дефиниции за поимите декриминализација, легализација и депенализација по однос на статусот на употреба на канабисот, кои ќе се користат за подобро разбирање на степените на дозволена употреба на канабис низ работните процеси во институциите, како и за информирање и едукација на широката јавност за различните аспекти на употреба на канабисот (извор: https://hops.org.mk/rabotnata-grupa-za-kanabis/).
Државите кои го легализирале канабисот генерирале речиси 8 милијарди долари даночни приходи од почетокот на рекреативната продажба
Државите кои го легализираа канабисот за употреба кај возрасни лица, колективно остварија приход од данок од речиси 8 милијарди долари од канабис од почетокот на легалната продажба во 2014 година, покажува новиот извештај на Проектот за политика за канабис.
Направената анализа ја испита даночната структура и приливот на приходи во сите 18 држави кои го легализираа рекреативниот канабис, иако продажбата сè уште не е започната во седум од тие држави. Генерално тоа покажува дека воспоставувањето регулирани пазари на канабис им дава на државите постојан и генерално растечки извор на приход што може да поддржува разни програми и услуги.
Само минатата година овие држави собраа 2,7 милијарди долари данок од продажба на канабис. А овој тренд се очекува да расте и во наредниов период (извор: https://hops.org.mk/drzhavite-koi-ja-legalizirale-marihuanata-generirale-skoro-8-milijardi-dolari-danochni-prihodi-od-pochetokot-na-rekreativnata-prodazhba/).
Европскиот суд ја казни Србија за полициско насилство врз осомничен за канабис
Европскиот суд за човекови права донесе одлука дека српскиот државјанин Александар Зличиќ бил подложен на нехуман и понижувачки третман во полициска станица во градот Нови Сад откако тој и неговиот пријател биле уапсени во 2014 година за наводно поседување канабис.
Во неговиот случај против Србија, Зличиќ тврдел дека по апсењето бил претепан во притвор и бил присилен да потпише документ дека има мала пластична кеса со канабис која Полицијата наводно ја пронашла во близина на клупа на која седеле тој и неговиот пријател (извор: https://hops.org.mk/evropskiot-sud-ja-kazni-srbija-za-politsisko-nasilstvo-vrz-osomnichen-za-kanabis/).
Обединетите нации ја потврдија медицинската вредност на канабисот
Обединетите нации по предлог на Светската здравствена организација конечно ја препознаа медицинската вредност на канабисот. Со историското гласање, канабисот е повлечен од Листа 4 – листа на супстанции со мали или без терапевтски бенефиции.
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје како организација која долги години учествува во работата на Обединетите нациии преку разни тела и комисии за дроги ја поздравува оваа одлука и смета дека таа ќе придонесе за подобрување на здравјето на многу луѓе, а воедно ќе овозможи и значајно забрзување на сите клинички испитувања за лековитата моќ на канабисот (извор: https://hops.org.mk/obedinetite-nacii-ja-potvrdija-medicinskata-vrednost-na-kanabisot/).
Петта европска конференција за намалување на штети
Повеќе од 400 професионалци и активисти на заедницата се собраа во Прага за да присуствуваат на 5-тата европска конференција за намалување на штети.
И покрај влошувањето на ситуацијата со ковид-19, европското движење за намалување на штети конечно имаше офлајн собир по долга пауза. Настанот, организиран од Корелација – Европска мрежа за намалување на штети, Евроазиската асоцијација за намалување на штети – ЕХРА и тераписката заедница САНАНИМ, обезбеди платформа за многу потребни социјални интеракции меѓу истражувачите, носителите на одлуки, давателите на услуги, луѓето кои користат дрога и сексуалните работници.
Погледнете го видеото на Известувач за дрога (Drugreporter): <https://www.youtube.com/watch?v=5-E0q9PJWqw>.