Од јули оваа година Полицијата на Западен Мидлендс стана една од првите полициски сили во Велика Британија што администрира спреј налоксон. Сите нивни полициски службеници во центарот на градот ќе бидат обучени како да користат налоксон. Причината за овој потег е тоа што во Бирмингем на секои три дена умира по еден корисник на хероин.
Рускиот претседател Владимир Путин им нареди на федералните извршни власти да развијат ново законодавство со кое ќе се криминализира „поттикнувањето, употребата или размножување на наркотични материи и психотропни супстанции со помош на информатичката и телекомуникациската мрежа позната како интернет”. И сега, поттикнувањето за користење дроги во Русија претставува прекршување на законите, но е казниво со пониски парични казни. Досега немало конкретна казна за сторено онлајн дело. Во склоп на ова, Путин му наредил на Министерството за внатрешни работи, кое функционира и како Федерална полиција, да разработи план за вработување на нови членови кои ќе го следат онлајн криминалот со дроги.
Дилерите на наркотични средства во Северен Лондон профитираат од пандемијата на корона вирус, контактирајќи со клиенти и охрабрувајќи ги да се обезбедат со резерви со наркотици во подготовките за изолација. Полицијата ги предупредува луѓето дека тие се ризична група поради тоа што се во комуникација со многу луѓе и според тоа купувачите треба да бидат внимателни.
Една од најзабележителните промени што ги забележале полициските сили во Велика Британија и набљудувачите на пазарот на дрога, вклучително и Полицијата, дека работниците со дрога и корисниците на дрога, со појавата на вирусот ковид-19 започнале со реструктурирање на начинот на работа на својот бизнис. Дилерите почнале да се облекуваат во униформа на работници во супермаркети со цел да се камуфлираат додека ги оставаат дрогите во домовите на луѓето. Други одат прикриени како тркачи и фитнес фанатици со цел да ги остават крекот и хероинот во заедницата. Еден светски експерт за дроги во Ливерпул додал дека некои дилери носат кутија со намирници за да се прикријат. Други се облекуваат како моторциклисти за достава на брза храна, па дури и медицински сестри за да не бидат испрашани.
Лекс Рос-Кинг (19) во јануари починала од предозирање со дрога на музички фестивал во Нов Јужен Велс поради невообичаено голема количина на МДМА. Поради страв од Полицијата, таа пред да влезе на фестивалот консумирала две таблети МДМА. Отпорот на Нов Јужен Велс за тестирање на дроги ги тера трговците да продаваат „поопасни дроги“, а со тоа ризикот од предозирање е поголем.