Користење стимуланси за подобрување на учењето Генерација aдерал (#GenerationAdderall), деца кои пораснаа во времето кога се направи бум во дијагностицирањата на недостаток на внимание и хиперактивно нарушување. За овие деца стана нормална и лесна достапноста на лекови и на стимуланси кои претходно се користеа за деца со посериозни дијагнози. Употребата на стимуланси кои не се издаваат на рецепт е сè поголем проблем за младите луѓе, предизвикувајќи ризик од предозирање, зависност и оштетување на спиењето.
Меѓу 2008 и 2012 година, немедицинската употреба на стимуланси кај млади од 18 до 25 години е зголемена од 5,7 на 9,3 проценти. Последниве две децении се бележи пораст од 10 пати. Најзастапена е кај младите кои се на факултетска возраст, но до 20 % од овие 12 и повеќе години имаат искуство со немедицинска употреба на лекови на рецепт, што укажува на тоа дека овие лекови се пренасочуваат за немедицинска употреба во основно и средно училиште. Сара Медник од Универзитетот во Калифорнија изјавува: „Ја проучувам важната улога на спиењето за функцијата на мозокот и за здравјето. Мојата работа го претставува дремењето како контрамерка за замор и моќно ‘возило’ за зајакнување на долгорочната меморија, креативност и извршна функција. Со оглед на ескалацијата на кризата во кампусот при употреба на стимуланси и оштетување на спиењето, мојата неодамнешна работа се фокусира на немедицинската употреба на стимуланси кај здрави млади возрасни лица. Таа покажа дека тие не ја добиваат академската предност што ја сакаат и дека можат
да си наштетат на самите себе“ (извор: https://www.theepochtimes.com/using- stimulants-to-cram-for-exams_3122290.html).
Вапери (е-цигари)
Можеби не изгледа така на прв поглед, но е-цигарите се сметаат за „тутунски производ“. Ова е затоа што повеќето е-цигари испаруваат течност што содржи никотин кој, иако е природна состојка, сепак е зависен стимуланс кој доаѓа од лисјата на тутун. На 7 ноември, Це-де-це (Центри за контрола на болести и превенции, CDC) објавија дека истражуваат 2 051 повреда на белите дробови поврзани со испарување на e-цигари низ 49 држави (сите освен Алјаска), вклучувајќи 39 смртни случаи. Еден ден подоцна, Це-де-це (CDC) објави дека има податоци за кои се чини дека се потврдува сомневањето за тоа што може да биде основа на многу од тешките повреди на белите дробови кои се забележани оваа година од американските вапери. На сите 29 пациенти од кои се земале примероци, пронајден е ацетат на витамин Е во форма на течност од белите дробови. Витамин Е ацетат е широко користен како додаток во исхраната. Исто така се користи како разредувачка и задебелувачка состојка кај некои производи за испарување кои содржат ТХЦ. Повеќето од тестираните пациенти изјавиле дека
имаат користено течности што содржат TХЦ. Иако ацетатот од витамин Е се смета за безбеден кога се користи во креми за кожа или како додаток во исхраната, истражувањата покажуваат дека може да биде штетно кога се вдишува (извор: https://www.sciencenewsforstudents.org/article/health-risks-are-scaring-some-teen-vapers-considering-quitting ;).
Зголемување на инјектираните дроги во Канада за 30 % во последниве 5 години
Како што се разгорува опиоидната криза, истражувачите од еден истражувачки центар (Centre hospitalier de l'Université de Montréal [CHUM]) откриле дека недозволената употреба на дроги во Канада се зголемила за 30 проценти за пет години. Студијата е објавена во „Американското списание за јавно здравје“ (American Journal of Public Health) во која е спроведена анкета на корисници на дроги во 11 од 13 канадски провинции и територии. Откриено е дека во 2016 година, 171 900 лица инјектирале дроги за немедицински цели за разлика од 130 000 во 2011 година.
Ова е првпат да се спроведе истражување каде што се земени предвид територии низ целата држава за да се утврди бројот на луѓе кои инјектираат опиоиди и стимуланси како што се кокаинот и метамфетаминот (извор:https://montreal.ctvnews.ca/injection-drug-use-up-by-30-per-cent-in-5-years-in-
canada-study-1.4687088 ).
Влијанието на кафето врз главоболката
Кофеинот е еден од најпопуларните психоактивни дроги во светот, присутен во многу пијалаци и храна. Toj припаѓа на класата стимуланси на метилксантин кои дејствуваат на централниот нервен систем. Токму овие стимуланси предизвикуваат:
• забрзување на метаболизмот
• зголемување на производството на урина
• подобрување на варењето на храната
• зголемување на отчукувањата на срцето
• зголемена будност
• подобрување на физичките перформанси
• потенцијално помагаат во лекување на некои видови рак кога се во соединенија
добиени од кофеин.
Сепак, кофеинот може да предизвика или да придонесе за главоболки на повеќе начини. Една анализа објавила дека 50 % доживуваат мачна, широкораспространета главоболка по откажувањето на кофеинот. Ова е затоа што кофеинот има вазоконстриктивно дејство, што значи ги стеснува крвните садови и го намалува протокот на крв. Со редовно консумирање кофеин, крвните
садови се „навикнуваат“ на ова стегање. Намалувањето на кофеинот може да предизвика ефект на враќање, предизвикувајќи крвните садови да се прошират. Оваа реакција е значајна затоа што крвните садови имаат тенденција да се зголемуваат пред почетокот на одредени видови главоболка. Кофеинот исто така блокира рецептори на аденозин во мозокот, кои се модулатори на болката.
Блокирањето на овие рецептори потенцијално може да го намали ширењето на болката во главата. Луѓето кои консумираат кофеин редовно имаат тенденција да развиваат повеќе од овие аденозин рецептори, што предизвикува поголема веројатност кога ќе престанат да консумираат главоболките да се интензивираат (извор: https://www.medicalnewstoday.com/articles/326950.php ).
Што се стимуланси за продуктивност?
Целта на засилувачите на мозокот е да ги зголемат вниманието, будноста и енергијата со зголемување на нивото на одредени хемикалии во нашето тело. А резултатите од тоа се поголема мотивација за работа и можност за побрза обработка на информации. Стимулансите на мозокот можат да бидат природни и хемиски. Општата идеја е дека природните се побезбедни за вашето здравје, додека синтетичките се поефикасни. Некои од природните засилувачи што ги користат често луѓето се гинко билоба, кафето, зелениот чај и масните киселини омега-три што се наоѓаат
во морската храна. Адерал, риталин, анирацетам и донепезил се меѓу најпознатите стимуланси на
синтетичка продуктивност (извор: https://thriveglobal.com/stories/productivity-
stimulants-and-your-brain-working-hard-or-hardly-working/ ).
Младите луѓе на амфетамини за АДХД имаат двојно поголем ризик од психоза во споредба со другите стимуланси
Тинејџерите и младите лица со АДХД кои примаат третман со амфетамини како адерал имаат поголем ризик од развој на психоза во споредба со оние кои примаат стимуланси на метифенидати како што е риталин (според New England Journal Medicine). Користејќи две национални бази на податоци, авторите на студијата следеле 221 486 тинејџери и млади на возраст од 13 до 25 години со АДХД на кои им бил пропишан стимуланс за првпат во периодот од 2004 до 2015 година. Половина добиле амфетамини како адерал и половина добиле метилфенидати како што е риталин. Вкупно 343 од тинејџерите и младите кои биле следени – или еден од секои 660 млади – развиле епизода на психоза за неколку месеци откако започнале со стимулансот. Ризикот за овој редок, но сериозен несакан ефект беше двојно поголем – 0,21 % – за оние кои земаат амфетамин споредено со 0,1 % за оние кои земаат метилфенидат (извор: https://edition.cnn.com/2019/03/20/health/adhd-
medication-psychosis-study/index.html ).
Тајната за продуктивноста на Балзак
Оноре де Балзак бил голем верник во церебралната моќ на кафето. Познатиот француски писател имал интересен распоред при што секоја вечер тој ги истражувал улиците на Париз за отворени места за кафе, каде што потоа останувал и пишувал до утрото. Се верува дека тој консумирал и до 50 шолји кафе на ден. На крајот, тој завршувал јадејќи цели лажици мелено кафе за кое сметал дека
„работело“ особено добро на празен стомак. Балзак бил плоден автор и во својот живот напишал речиси 100 романи и претстави. Починал од срцева слабост на возраст од 51 година (извор:
https://www.bbc.com/worklife/article/20180907-what-would-happen-if-we-all-took-
smart-drugs ).
„Супер дрогата“ на нацистите која им ја давале на своите војници за подобри перформанси
Во текот на 40-тите години на минатиот век, за време на Втората светска војна, нацистичките трупи биле снабдувани со метамфетамин наречен первитин, додека американските и британските војници за време на борбите останувале будни со помош на амфетамин бензидрин. Овие стимуланси заедно со кокаинот биле обезбедувани од медицинските службеници од обете страни, а другите, како што е кокаинот, да ги одржуваат уморните војници будни со денови, да им овозможи на воените трупи поголема издржливост во тешки услови и да ги ублажи ужасните ефекти од шокот и
посттрауматско стресно нарушување (ПТСН).
„Како што се одвиваше, официјално санкционираната ‘трка со фармацевтско оружје’, војниците кои ги земаа овие лекови беа доведувани над границите на нивните вообичаени способности, но долгорочните влијанија од употребата на дрога во голема мерка беа игнорирани од воените медицински службеници“, се вели во соопштението на претставниците на ПБС. Според Националниот институт за здравство (НИХ), амфетамините (група на стимуланси кои вклучуваат метамфетамини) влијаат на централниот нервен систем. Како што објавува Националниот институт за злоупотреба на дрога (НИДА), тие предизвикуваат чувство на еуфорија, ја зголемуваат будноста и го намалуваат апетитот. Метамфетамините во споредба со другите амфетамини директно го преплавуваат мозокот, што значи дека тие се подолготрајни и се потенцијално поштетни за централниот нервен систем (извор: https://www.livescience.com/65788-world-war-ii-nazis-methamphetamines.html ).
Што е хемсекс зависност?
Зависниците од хемсекс бараат секс кога се под дејство на дрога, односно „хај“, или земаат дрога за да се „хај“ во сексот. Зависниците од хемсекс речиси секогаш имаат секс кога користат дроги и ретко уживаат во секс без тоа. Со текот на времето, дрогата и сексот се толку често заедно што тие се поврзуваат едно со друго и функционираат како нераздвоив пар, што доведува до двојна зависност. На овој начин, постојаното спарување на дрога/алкохол и секс создава два проблема кои мора да бидат третирани истовремено. Понекогаш се смета дека хемсексот е застапен само кај геј-популацијата, каде што геј-мажите мешаат стимулативни лекови како мета и кокаин со засилувачи на ерекција (вијагра, циалис, левитра итн.) Сепак, хемсексот е честа појава не само кај геј-мажите. И многу жени исто така ги комбинираат супстанциите со секс понекогаш поради надминување на сексуалниот срам или ниска самодоверба, а другпат за подобрување на сексуалното искуство.
Не е невообичаено луѓето што спаруваат дроги и секс тоа да го оправдуваат како „избор за начин на живот“. И тоа продолжува сè додека реалноста на нивната зависност не ги сруши. Во тој момент, овие лица обично влегуваат во програма за третман на злоупотреба на супстанции која, за жал, ќе адресира само половина од нивниот проблем, делот за дроги.
Долгорочната трезвеност на зависниците од хемсекс бара соочување и заздравување не само со злоупотреба на супстанции, туку со компулсивни сексуални однесувања. И во двата случаја, ние мора да се осврнеме на основните (често несвесни) конфликти, збунетоста и стресовите поврзани со интимноста и сексот кај возрасните. Многу од овие луѓе не можат да се сетат на последниот пат кога имале трезен секс. Некои признаваат и дека никогаш немале трезен секс. Значи, разбирливо, третманот за зависност од хемсекс мора да се однесува на следново: злоупотреба на супстанции, компулсивна сексуалност, трезна интимност и градење врски. Овие основни теми, доколку останат нерешени во третманот, ќе предизвикаат враќање на навиките (извор: https://blogs.psychcentral.com/sex/2019/10/what-is-chemsex-addiction)
Подготвила: Ирена Јовановска